Прилепските „Мамути“ се искачија на највисокиот врв во Европа – Елбрус

Двајцата членови на планинарскиот клуб „Мамути“ од Прилеп, Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски, го искачија највисокиот врв во Европа, Елбрус, кој се наоѓа на планинскиот венец Кавказ, Русија, во близина на границата со Грузија.

 

Од она што го дознаваме од другите членови на „Мамути“ е тоа дека Маријана и Владимир после 9 и пол часа напорно искачување биле на Елбрус во 10.30 часот. Повеќе информации и фотографии очекуваме во текот на денов или утре.

 

Инаку врвот на Елбрус е највисок во Кавказ и во Европа, за малку надминувајќи ги венците Демавенд и Алборз во Иран. Западнииот врв на Елбрус е висок 5.642 метри, а источниот е малку помал 5.621 мнв.

 

Екипата на Инфо Компас им го честита овој голем успех.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien