ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Власта пушта во употреба не свои, туку само реализирани проекти од претходната власт

Како пред околу една година, повторно ќе бидеме сведоци на пуштање во употреба на капитален проект. Се разбира и овој како и многуте досега реализиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Истакнаа денеска од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Од принципот на работа на владата и локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сегашната власт го практикува само пуштањето во употреба и тоа не на свои, туку на реализирани проекти од претходната власт.

 

Сегашноста за оваа ЌЕ влада е само она што во минатото успеа да го реализира ВМРО-ДПМНЕ. Како што вели народот, китењето со туѓи перја е одлика на неспособните, а за неспособноста на кадрите од СДС се уверивме во многу наврати.

 

Следува пуштањето во употреба на пречистителната станица во Прилеп. Овој капитален проект, во вредност од околу 30 милиони евра, чија реализација значи трајно решавање на прашањето за третман и прочистување на отпадните води за градот Прилеп.

 

Овој проект е пример како се реализираат ветувањата дадени пред граѓаните. Со прочистувањето на отпадните води исто така бенефит имаат и земјоделците кои по нависоки еколошки стандарди бо можеле да ги искористуваат прочистените отпадни води за наводнување на земјоделските површини во прилепско поле.

 

Целиот проект, кој е комплетно реализиран од ВМРО-ДПМНЕ, вклучуваше промена на вкупно 65 километри канализациона мрежа. Оваа мрежа се градеше истовремено со пречистителната станица. Изградбата на овој проект го стави Прилеп на врвот на општините во однос на искористувањето на средства од ЕУ фондовите.

 

Вака треба да се работи во интерес на граѓаните. Овој проект е пример како се искористуваат Европските фондови и без обезличување на народот и сопствената држава.

 

Овој проект е доказ дека за искористување на можностите кои ги нуди Европската Унија се потребни знаење, посветеност и работа, а не продавање на името на државата. Неспособноста на Зоран Заев и локалните кадри на СДС не можат да бидат сокриени пред лажните ветувања за ЕУ и НАТО условени со угнетување на сопствениот народ и присила да го промени својот идентитет.

 

На циркузот многу брзо ќе му дојде крајот, а на ваквите ликови ќе се сеќаваат само срамните страници од нашата историја“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien