ВИДЕО – Еурокомпозит утре заминуваат на протести со шатори пред Влада

Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ утре заминуваат на протести со шатори пред Влада. Велат дека иако веќе 3 недели се во штрајк воопшто никој не ги контактирал од Владата иако пратиле писма со барање за решавање на проблемот до повеќе министерства. Се чувствуваат измамени и револтирани на како што велат игнорантскиот однос на државата кон 260-те вработени во оваа државна компанија. На почетокот од мај за да го прекинат штрајкот Владата им вети дека 100 вработени веднаш ќе заминат технолошки вишок и дека за 3 месеци фирмата ќе се продаде на некој инвеститор, но тоа не се случи.

 

„Сега сме решени да останеме во Скопје до конечно решавање на проблемот за нашава фабрика. Или технолошки вишок нека ги испуштат сите или нека тргни фабрикава да работи бидејќи секоја плата ја земаме со застанување и со штрајкови, тоа повеќе неможеме да го издржиме. Утре одиме со еден автобус, а потоа ќе ни се придружат уште околу 50-тина луѓе. Ако треба во Скопје ќе останеме и со месеци. Од Нова година наваму имаме земено само околу 20.000 денари, паушално или линеарно незнам како да кажам, во просек значи доаѓа по 4-5.000 денари месечно. Премиерот Заев ни вети пред 2 месеци дека уште првиот месец ќе се испуштат 100 вработени како технолошки вишок и за фирмата да се најде домашен или странски инвеститор и да тргне да работи, но повеќе од 2 месеци ништо не се случува со нашава фабрика“, вели Роберт Богданоски, претседател на синдикална организација на Еурокомпозит.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien