Ексклузивно интервју и ФОТО ГАЛЕРИЈА : Прилеп се гордее – двајцата херои на највисокиот врв во Европа

На 01.07.2018 година двочлената прилепска екипа од планинарскиот клуб „Мамути“ Маријанa Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски во 01.00 часот по полноќ, по руско време, заедно со 23 члената екипа на планинарскиот клуб „Предејане“, по 4 дневна аклиматизација на планината Кавказ и еден ден претходно на врвот Пикет 11, тргнаа на завршниот успон со цел искачување на највисокиот врв во Европа-Елбрус. Двајцата прилепски херои успеаа да се искачат на врвот во 10.30 минути.

 

 

 

„На стартот временските услови беа добри, со температура од околу 0 степени. До 5.100 мнв групата немаше никакви проблеми, но над таа висина се соочивме со засилен ветар и пониски температури. Од 5.300 мнв ветерот се засили при што на самиот врв неговата брзина изнесуваше 70 км на час, а температурата беше – 15 целсиусови степени. Самото искачување за нас беше исклучително тешко, бидејќи прв пат се соочуваме со услови карактеристични за таа висина. Намален кислород за 50 %, а и ветерот си го направи своето. Сепак ние успеавме во 10 часот и 30 минути први од нашата група да стапнеме на самиот врв. Прв се искачи Владимир, а Маријана се придружи по околу 10-тина минути“, велат за Инфо Компас двајцата членови на ПК „Мамути“, Маријанa Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски.

 

 

 

 

Двајцата херои велат дека од самиот врв немаат многу фотографии бидејќи ветерот им ги одвеал знамињата, а телефоните им останале без батерии. На врвот се задржале околу половиина час и во 11 часот се упатиле кон ноќевалиштето.

 

Групата од Македонија кои се искачија на Елбрус се состоеше од 4 членови : Владимир Јованоски ПК „Мамути“, Маријанa Ѓорѓиевска ПК „Мамути“, Стоилко Стоичев ПК „Македон“ Скопје, Љупчо Ѓорѓиев ПСК „Чеплес“ Велес.

 

 

„Порарди тежината на оваа експедиција, висината, психофизичката подготвеност и временските услови речеси половина од членовите на експедицијата не успеаја да стапнат на највисоката точка на нашиот континент“, велат Маријанa и Владимир.

 

Маријана и Владимир се чувствуваат добро и во Прилеп треба да пристигнат во петок на 06.07.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien