ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Единствените проекти кои Заев им ги нуди на граѓаните, се оние реализирани во време на ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од една година од владеењето на СДСМ, се што видовме се погубни политики во сите области. Сите проекти кои Заев им ги нуди на граѓаните се реализирани во времето на ВМРО-ДПМНЕ, рекоа денес на прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ви ја пренесуваме во целост.

 

„Помина повеќе од една година како СДС е на власт во Република Македонија. Една година исполнета со погубни политики, една година лажни ветувања, една година катастрофални резултати во економијата, образованието, здравството и сите области.

Денес во Прилеп доаѓа човекот кој пред очите на целата македонска јавност се колнеше во своите деца, предци, дека додека го дише воздухот и го држи паметот, немало да има промена на уставот и уставното име на нашата држава. Македонија не памети ваков политичар кој ги менува своите изјави и ги погазува своите зборови, во еден ист ден.

Зоран Заев е човекот кој е одговорен за погубниот договор со Грција, човекот кој е одговорен за продажба на националните и државни интереси, човекот кој без никаков срам преку капитулантскиот договор со Грција и Бугарија ја брише историјата што ја создаваа нашите предци, револуционери, борци за слободна и независна Македонија.

Ако алиби за досегашното неработење, како на централно, така и на локално ниво беше процесот на преговарање за смена на име, кој сите видовме како фатално заврши по целиот македонски идентитет, многу веројатно како алиби за идното неработење на оваа влада ќе биде сиот процес за смена на име на институции, пари, нови униформи, лични документи, дипломи, ревидирање на учебници по историја во кои треба да пишува за некаква нова држава.

На шверцерски начин се направи обид да се донесе Законот за употреба за јазиците, со кој албанскиот јазик треба да биде втор службен јазик во Македонија, а со тоа Прилеп градот херој да стане двојазичен. Преку прекршување на уставот и законите, на повидок е уште еден срамен чин со кој насила сака да се смени уставното име на Република Македонија.

Економијата е на дното во Европа, со само 0.1% раст. Наместо нови инвестиции и нови работни места, пред објективот на камерите, Заев и неговите соработници се сликаа во фабриките кои ВМРО-ДПМНЕ ги донесе.

Здравството никогаш не било покатастрофално. Потсетуваме дека во прилепската болница и останатите здравствени установи нема ниту еден реализиран проект во овие година дена. Напротив, истата беше оставена без потребните основни средства за операции, а со тоа загрозен животот на прилепчани. Според изјавата на министерот Филипче, Прилеп останува и без лабораторија за проверка на крвта.

Почитувани, единствената позитивна работа која ја прави СДС во овој период е пуштањето во употреба на наши проекти, кои ги реализиравме целосно за потребите на граѓаните. Пред скоро беше пуштена во употреба новата градинка, проект на локалната власт предводена од градоначалникот Марјан Ристески. Токму денес, Заев ќе присуствува на пуштањето во употреба на пречистителната станица, кој е капитален проект реализиран во наше време со искористување на средствата од ЕУ фондовите. Со овој проект Прилеп ја добива не само најдобрата пречистителна станица во Македонија, туку и пошироко на Балканот.

Македонија и Прилеп на чело со Зоран Заев, градоначалникот Јованоски и кадрите поставени од СДС, губат скапоцено време. Додека животниот стандард се влошува од ден на ден, додека граѓаните ги чувствуваат катастрофалните резултати на свој грб, сведочиме за понижувањето на Македонците и кршење на македонскиот дух. Затоа оваа ЌЕ влада мора што поскоро да си замине. Ќе дојдат подобри времиња! Македонија ќе победи!“

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien