ВИДЕО – Еурокомпозит на протести пред Влада, Заев вели нема продукција, проблемот ќе се разгледува на Влада

Дел од вработените во Еурокомпозит денеска протестираат со шатори пред Влада, а нивните колеги во Прилеп неколку часа го блокираа центарот на градот. Премиерот Заев пак кој беше во Прилеп не се сретна со нив но истакна дека ова прашање ќе се разгледува на денешната седница на Владата во Скопје.

 

 

„Значи суштината е дека Владата ги исполнува ветувањата, но продукција никако не се случува од Еурокомпозит. Две се страните на оправдувањето зошто тоа се случува или не. Јас веднаш после пуштањето во употреба на овој прекрасен објект, пречистителна станица, итам да стигнам на седница на влада. Точката е на крајот на седницата. Иако ја води заменик претседателот на владата, Радмила Шекеринска, ја чека таа точка да стигнам јас за да изнајдеме решение, секако и за вработените во Еурокомпозит. Уште еднаш да информирам се работи за купување на месеци, додека крајно не заврши комплетната проценка за објавување на продажба. Паралелно со тоа планираме и пакет за испраќање технолошки вишок на оние граѓани кои тоа сакаат да го прават. Конечна цел ни е граѓаните, нивниот интерес, работниците, но секако и иднината на Еурокомпозит. Се надеваме дека ќе продолжи со производство на материјали за безбедносните служби во Република Македонија, но секако и за извоз“, истакна Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien