Нема договор помеѓу вработените од Еурокомпозит и премиерот Заев, тие остануваат со шатори пред Влада

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Вработените во Еурокомпозит кои денеска започнаа со нов штрајк со шатори пред Влада доцна попладнево се сретнале и со премиерот Зоран Заев, но на средбата не се постигнало договор. Според претседател на синдикатот на Еурокомпозит, Роберт Богданоски и Заев како и претходно вицепремиерот Анѓушев им ветувал дека проблемот ќе се реши за 3 до 4 месеци, но тие не го прифатиле тој предлог.

 

„Премиерот Заев ни рече дека проблемот ќе се решел за 3 до 4 месеци по истиот принцип како што се решил проблемот со ФЕНИ. Прво да се најдело инвеститор, потоа Еурокомпозит ќе се пуштел во стечај и новиот инвеститор да ни ги исплати нас заостанатите плати и придонеси, а државата ќе се откажела од своите побарувања. Ние не го прифативме тоа како оправдување за да го прекинеме штрајкот затоа што се имаме изнаслушано вакви ветувања веќе долго време. Вработените се крајно револтирани, не се живее без пари повеќе, така што остануваме во Скопје со штрајк пред Влада се до конечно решавање на нашиот проблем“, истакна Богданоски.

 

Претходно попладнево вработените имаа исто така неуспешна средба и со вицепремиерот Анѓушев кој исто така им ветувал да земат сега една плата и да прекинат со штрајкот, нешто што тие не го прифатија.

 

Освен штрајкот пред Влада за утре исто така се најавува и нова блокада на патот Прилеп-Скопје од вработените во Еурокомпозит кои се останати во Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи