Вицепремиерот Хазби Лика два месеци не оди на работа бидејќи му е лут на лидерот Ахмети

Вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика веќе два месеци не оди на работа, бидејќи, како што објави Сакам да кажам, е револтиран од лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој во една внатрепартиска битка не го поддржал, туку застанал на страната на друг висок партиски функционер.

 

Поради тоа што Лика не доаѓа на работа, блокирано е и прераспределувањето на вработените по Рамковниот договор кои не одат на работа, а земаат плата на места кои се соодветни на нивното образование.

Извори од ДУИ велат лидерот Ахмети го ставил Лика за вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор за да го неутрализира незадоволството на крилото од поранешните команданти на УЧК, каде тој бил влијателен.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien