Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Земјотрес што се случил во 11.01 часот денеска на територијата на соседна Албанија е почувствуван во цела западна Македонија и во Скопје.

 

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил на триесетина километри северно од Тирана, или 170 километри западно од Скопје, а бил со Рихтерова магнитуда од 5,1.

 

Во регионите на Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар со интензитет од 4 степени според Европската Макросеизмичка Скала, а во Скопје, Струга и Охрид со интензитет од 3 степени, според истата скала.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи