Реал во офанзива по Мбапе во кого гледа замена за Роналдо

Facebook
Twitter
Email
Print

Европскиот првак Реал Мадрид е подготвен да понуди рекордни 272 милиони евра за францускиот репрезентативец од Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе.

 

Раководство на „Кралскиот клуб“ во Мбапе гледа замена за Роналдо кој многу веројатно ќе си замине од Мадрид.

 

Роналдо веќе се согласил да потпише за Јувентус за годишна плата од 30 милиони евра и се шпекулира дека само прашање на време е кога ќе се случи трансферот.

 

Затоа, Реал е во потрага по негова замена. Долго се говореше дека Нејмар е најголем кандидат за местото на Роналдо, но најверојатно од тоа нема ништо и затоа сега сите погледи на навивачите на европскиот шампион се свртени кон Мбапе.

 

ПСЖ моментално е под закана на УЕФА за нарушување на Финансискиот фер-плеј, па мора да продаде една од двете најголеми ѕвезди, а „светците“ наводно се одлучиле тоа да биде Мбапе.

 

Веста за трансферот на Мбапе во Реал прв ја објави новинарот Баптист Рипар, кој секогаш прв ги објавува трансферите на француските фудбалери.

 

Францускиот репрезентативец го воодушеви светот со одличниот настап на Светското првенство во Русија, особено со беспрекорното издание во осминафиналната победа на неговата селекција над Аргентина.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи