Шекеринска: Никој од ЕУ не побарал да се градат мигрантски кампови во Македонија

Никој од Европската Унија досега не побарал ниту најавил дека во Македонија ќе се градат бегалски кампови. Тоа се лажни вести за манипулација со јавноста, тврди министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

Презентирајќи ја новата стратегија за безбедност, посочи дека миграционата политика на Македонија е фокусирана на заштита на границите согласно европските регулативи, но вели нема план за изградба на кампови.

 

„Ниту еден не излегол со инцијатива или барање за какви било кампови за бегалци. Често пати ова прашање се злоупотребуваше како можност за манипулација со емоциите на граѓаните“,  порача Шекеринска.

 

Документите од владини одлуки кои се шират во јавноста, ги демантираат и од ресорните министерства, објаснувајќи дека станува збор за новинарски спин и извртување на реалноста. Од Министерството за внатрешни работи објаснуваат дека единствено има одлука за изградба на „прифатен центар за странци“ во Бардовци, кој треба да го замени веќепостоечкиот центар во Гази Баба, во кој како што велат, нема никакви услови за живот. Таму во моментов таму се сместени околу дваесетина мигранти, без никаква документација, кои со години чекаат да се реши нивниот статус.

 

„Министерството за внатрешни работи, ги отфрла инсинуациите и шпекулациите во јавноста, за градење на бегалски кампови во Република Македонија“, велат од МВР.

 

Во Македонија, согласно законската регулатива, функционира прифатен центар за странци „Скопје“ во Гази Баба уште од 2005-та година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien