Светското првенство во Русија донесе нов неуспех и разочарување за големите љубители на фудбалот во Аргентина, кои ги има во огромен број, а повторно на удар се најде првата ѕвезда на тимот Лионел Меси, неговите соиграчи, но најмногу нивниот селектор Сампаоли.
Па така, по дебаклот на Мундијалот, челниците на Фудбалскиот сојуз на Аргентина сакаат да најдат долгорочно решение за нивната репрезентација и се надеваат дека еден од најдобрите тренери во светот, Пеп Гвардиола, ќе ја прифати нивната понуда.
Во медиумите во Аргентина се шпекулира дека шпанскиот стратег би можел да добие до 12 милиони долари годишна плата и договор со времетраење до 2022. година.
Шефот на стручниот штаб на Манчестер Сити има одлична соработка со Агуеро, а воедно имаше и со Меси со кого соработуваше во Барселона, тие врски можат многу да помогнат на фудбалската земја која никако да излезе на површина со некој позначаен успех.
Ова реално е невозможна мисија за Аргентина, бидејќи Гвардиола сигурно не го напушта Манчестер сити. Сепак, јужноамериканците ќе се обидат да го ангажираат Гвардиола и покрај неговите клупски обврски. Тие ќе инсистираат тој да работи на двете места.