УЕФА ја следи ФИФА: Воведува четврта замена во продолженијата од ЛШ и од ЛЕ

Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска објави дека на тимовите во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, претстојната сезона ќе им биде дозволено да извршат четвртата замена во случај на продолженија.

 

Пред УЕФА, ваква одлука донесе ФИФА за Светското првенство во Русија, што се покажа како добар потег.

 

Правилото останува три измени за 90 минути, а потоа, ако победникот не е познат, уште една во дополнителното време.

 

Во финалињата од Лигата на шампионите и Лига Европа тимовите ќе може да имаат 12 играчи на клупата за резервни фудбалери, додека во останатиот дел од натпреварувањето ќе имаат по седум играчи на клупата.

 

Исто така ќе се дозволи и користење на уреди за електронска комуникација со официјалните лица на тимовите. За таа намена ќе мора да се користат само мали уреди како мобилни телефони, микрофони, слушалки, смартфони, таблети, паметни часовници и лаптоп.

Оваа одлука на УЕФА стапува на сила веднаш.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien