Џанлуиџи Буфон ја одбра наредната дестинација во кариерата. Италијанската голманска легенда ќе брани за ПСЖ во наредните две години.
Буфон денеска ќе ги помине редовните лекарски прегледи, а во понеделник ќе биде презентиран на Паркот на Принцовите. Слично како што беше и со трансферот на Нејмар, Ајфеловата кула ќе биде во боите на ПСЖ и ќе му посака добредојде на Џиџи Буфон.
40-годишниот голман ќе стави потпис на двегодишен договор со заработка од 7 милиони евра по сезона, со што ќе биде дупло повеќе од платата што ја имаше во Јувентус.
Во наредниот период, покрај примарната работа, Буфон прифати да биде и амбасадор на Светското првенство во Катар во 2022 година. Тоа впрочем беше поставено како услов во договорот со „светците“ чии сопственици се катарски шеици.
Инаку, ова за Џиџи ќе биде првпат да брани за клуб кој е надвор од Италија, бидејќи претходно ги носеше дресовите на Парма, од каде премина во редовите на Јувентус, каде остана 17 години и освои 18 трофеи со овој клуб.