Заврши реализацијата на проект – Beyond Differences „НАД РАЗЛИКИТЕ“

Здружението „ЛУНА ТРИНИТИ“- Тренинг центар за личен развој, комуникација и советување – Прилеп во склоп на проектот „Над разликите“ поддржан од Здружението Мировна акција Прилеп/Тетово, во партнерство со Центарот за мировни студии од Загреб во рамки на проектот „Поддршка на процесот на интегрирано образование во училиштата” што е финансиран од Делегацијата на Европска унија и ЦИВИКА Мобилитас на 07.07. 2018 година на во локалот „Take5“ во  Прилеп одржа завршен настан наменет  за пошироката јавност  со цел запознавање на граѓаните сo проектот, настаните и продуктите во текот на релизацијата на проектот Beyond Differences „НАД РАЗЛИКИТЕ“.

 

На овој хепенинг присутните граѓани имаа можност да ги слушнат творбите изработени од учениците од основните училишта „Климент Охридски“, Кирил и Методиј“ с.Канатларци и „Лирија “ с.Житоше  на четири наставни јазици и тоа : македонски, турски, албански и бошњачки.

 

За заинтересираните граѓани и поддржувачи на моделот на интегрирано образование беа доделени маички со принтови од постерите кои ги изработија учениците, CD –аудио книга на четри наставни јазици и привезоци со порака за издигнување над разликите..

 

 

 

 

„Една од основните цели на овој проект беше да се промовираат  добрите практики во однос на инегрирано образование или меѓуетничка интеграција што се имаат реализирано во основните училишта во нашава општина. За таа цел на видео бим беа презентирани  активностите  од основните училишта кои ги имаат реализирано, како самостојно така и со своите партнер училишта. И тоа: „ Кочо Рацин“ , „Блаже Конески, „Круме Волнародки“ „ Добре Јоваоски “ „ Кирил и Методиј“ „Манчу Матак“  „Климент Охридски“ „Гоце Делчев“. Исто така беа пренесени личните видувања на дел од наставниците од основните училишта кои што веќе работат или имаат реализирано активности по принципот на итегрирано образование, во видео запис , каде што даваат одговор на прашањето: „Што за нив преставува интегрирано образование ?“. Повеќето од нив испратија порака дека е нов, современ начин на образование и претставува неопходен процес кој ќе придонесе во  трасирањето на патот кон едно современо демократско опшество“, велат од Здружението „ЛУНА ТРИНИТИ“.

 

Според, наставничката  Јасмина Рунева од ООУ „Гоце Делчев“ интегрираното образование е единствениот начин на образование која што таа може да го замисли и во процесот на интеграција да се акцентираат  сите аспекти на човековите поделби, дали станува збор за расна поделба, полова, социјална, етничка итн. Овој начин на образование денешниот систем  би го трансформирал во, како што кажа таа, „Здраво и квалитетно образование.“

 

 

 

 

Наставникот Дарко Талески за интегрираното образование вели дека тоа преставува  можност на ученици од различни наставни јазици и етнички заедници заедно да работат, учат,  да се зближат и  да се запознаат.

 

Покрај промоцијата на добрите практики се промовираше  и аудио книгата како и текот на процесот што беше потребен за  изработката на таа мини книжевна историја каде учениците во улога на пистатели се обидуваат да испратат порака на темата: „НАД РАЗЛИКИТЕ“.

 

„Меѓу главните пораки кои имаа можност нашите сограѓани да ги слушнат беа: Другарствоте е нешто кое човекот треба да го има во својот живот и да го негува, Ние со сите сме ние за сите сме и заедно сме посилни, различностите не прават посилни, придружете се и вие затоа што деца сме ние , разлики нема да се сакаме треба. Пороектот „ Над Разликите “ се спроведуваше на ниво на општина Прилеп  во текот на месеците: април, мај, јуни и  јули и се состоеше во неколку етапи: Првата етапа: Спроведување на активности по принципите на меѓуетничка интеграција во образованието со ученици од три основни училишта и тоа ООУ „ Кирил и Методиј„ с.Канатларци, ООУ „Климент Охрдиски“ – Прилеп и ОУ „Лирија“ Житоше општина Долнени. Во трите последователни средби учениците  изработија творби ( аудио книга) која што ќе биде промовирана на овој настан. Втората етапа: Напревен е видео-приказ каде што наставниците од нашата општина даваат свој осврт на процесот на интегрираното образование и неговото значење за сегашните и идните генерации. Трета етапа: Формирана работна група  што изработи акционен план за промоција на интегрираното образование до пошироката јавност“, додаваат од „ЛУНА ТРИНИТИ“.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien