Почина момчето од навивачката група „Комити“ кое беше претепано на автобуска постојка

Дваесет и едногодишниот Н.С. кој на 29 јуни физички беше нападнот од три машки лица на автобуската постојка на бул. „Александар Македонски“ во Скопје, во 8 часот на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ им подлегна на повредите.

 

Раководителот на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, доктор Маја Мојсова изјави дека момчето било донесено во Ургентниот центар со немерлив притисок и со слаб пулс.

 

„Откако е почната срцева белодробна мозочна реанимација е пренесено во КАРИЛ во многу тешка состојба со многу тешки повреди на мозокот и со многу тежок исход. На неколку пати е враќано во живот, но за жал подлегна на повредите“, додаде доктор Мојсова.

 

Веднаш по крвавиот напад МВР уапси двајца од тројцата тепачи и против нив поднесе кривична пријава за насилство.

 

„Имено, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје. На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода и одредена им е мерка притвор. Целокупниот доказен материјал е предаден на надлежното јавно обвинителство и овој случај е во надлежност на ОЈО Скопје“, велат од полицијата.

 

Нема одговор зошто МВР против тепачите поднесе кривична пријава за насилство, иако според тежината на кривичното дело за претепувањето на Саздовски, кривичната пријава треба да биде за нанесување тешка телесна повреда.

 

Согласно Законот сега на потег е Јавното Обвинителство кое најверојатно и ќе ја преиначи кривичната пријава на МВР, а осомничените на суд најверојатно ќе одговараат за потешко дело.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien