Состојбата на претепаното бебе се стабилизира, полицијата истражува кој го тепал

Се стабилизира состојбата на 14-месечното бебе кое викендов беше примено на КАРИЛ со крварење во мозокот и тешки скршеници на коските на нозете.

 

Од Клиниката велат дека детето почнало само да дише и да се храни, а ако добро напредува во следните 24 часа ќе биде префрлено на Детската клиника. Нозете на детето ќе бидат ставени во лонгета, а лекарите ги третираат и старите повреди кои ги забележале на телото.

 

Полицијата истражува што се случило со детето, а случајот го презеде и Министерството за труд и социјала од каде велат дека се преземени сите мерки за заштита на детето додека трае истрагата. На детето му е одреден старател, а социјалните служби не дозволуваат контакт на роднините со девојчето.

 

Пред два дена 20 годишната К.М. била примена во Ургентниот центар со видливи повреди, со нејзината едногодишна ќерка која имала тешки телесни повреди. Мајката давала различни и контрадикторни изјави за тоа што се случило, а случајот веднаш бил пријавен во полиција.

 

Неофицијално, жената и нејзиното бебе ги претепале неколку роднини на нејзиниот сопруг кој е во затвор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien