Трагична железничка несреќа синоќа се случи во Турција. Според досегашните податоци животот го загубиле 24 патници, а потешко се повредени околу 120 луѓе.
Според првичните информации, во возот имало 360 лица кои патувале од местото Капикула, на границата со Бугарија до Истанбул.
Од шините излетале шест вагони, а точните причини за несреќата не се знаат, иако претставниците велат дека лошото време и лизгањето на земјиштето се виновни за несреќата.