По Паулињо, неизвесна судбината и на Дембеле

Facebook
Twitter
Email
Print

По неочекуваниот трансфер на Паулињо назад во редовите на Гвангжу, медиумите во Шпанија пишуваат дека уште еден фудбалер кој дојде минатата сезона би можел да направи неочекуван трансфер.

 

Станува збор за Осман Дембеле кој е незадоволен со статусот во клубот, а ниту навивачите не се нешто посебно импресионирани од засилувањето кое за вртоглави 105 милиони евра дојде во Каталонија.

 

Поранешниот играч на Борусија Дортмунд е целосно надвор од форма, па на СП во Русија е резерва кај францускиот селектор Дидие Дешамп и ретко добива шанса за игра.

 

Според информациите Демебеле сака да знае каква улога ќе има следната сезона, бидејќи Барселона покажува интерес за Вилијан, играч кој игра на неговата позиција.

 

По разговорите со првите лица на клубот ќе биде јасно дали Дембеле ќе остане во Барса или по само една сезона ќе ги напушти редовите на шпанскиот првак.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи