Четири деца денеска се извлечени од пештерата во Тајланд, со што вкупниот број на спасени изнесува осум, објави Си Ен Ен повикувајќи се на очевидец кој е дел од спасувачките операции стационирани на влезот во пештерата. Уште четири деца и нивниот 25-годишен тренер остануваат во пештерата во Тајланд.
Властите соопштија дека спасувачката акција за денеска е завршена и дека ќе продолжи утре.
Периодов целиот свет ја следи драма во тајландската пештера, каде монсунските дождови на 23-ти јуни заробија 12 деца и нивниот фудбалски тренер.
И покрај неизвесноста изгледа драматичната ситуација ќе има среќна завршница.
Сепак загрижуваат информациите од метеоролозите, кои очекуваат невремето проследено со обилни врнежи да продолжи и денеска. Властите се во вистинска трка со времето бидејќи во пештерата почнува да снемува и кислород.
Во пештерата работат 90 нуркачи – 40 од Тајланд и 50 странски. Тие ги водат децата низ темнината и потопените ходници кон излезот. Патувањето е исцрпувачко, вклучува одење, ползење, качување и нуркање по претходно поставените јажиња за водење. Децата носат целосни маски за почетници, а секое го придружуваат двајца нуркачи што му го носат канистерот со кислород. Најтешкиот дел е на половина пат – „Т-спојката“ е најтесното место и нуркачите мораат да ги симнат резервоарите за да поминат. Зад неа е третата комора со камп за одмот пред последната, полесна етапа до излезот. Во меѓувреме, генијот на Тесла Илон Маск, тестира алуминиумска подморница во базен и ако помине успешно, ќе биде пратена во Тајланд, каде што властите ја побарале ако наидат на пречки.
Како изгледа спасувачката акција за извлекување на момчињата од пештерата: