Асфалтирање и рехабилитирање на улици

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Прилеп за 2018 година, екипи на фирмите „Изофас“, „Сењак“ и „ВЕ-ГРУПА“, работат на асфалтирање и рехабилитирање на улиците во повеќе делови од градот.

 

Во моментов се работи на асфалтирање и “крпење“ на ударните дупки на улиците „Кеј 1. Мај“, делoви од „Кузман Јосифоски-Питу“, „Димо Наредникот“, „Васко Карангелески“ и „Јоска Јорданоски“, а нов асфалт ќе добие и улицата „Бранко Секулоски“. Во периодот кој следи, Општина Прилеп ќе  продолжи со урбаните зафати предвидени за тековната 2018 година.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien