ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Прилеп стои цврсто во одбрана на уставното име, Сугарески и Локвенец да им се извинат на прилепчани

Прилеп, бастионот на македонштината, стои цврсто во одбрана на уставното име на Република Македонија. Хари Локвенец и Горан Сугарески треба јавно да им се извинат на своите сограѓани, поради обидите да ги сокријат лагите на Зоран Заев, порачаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

 

Прес конференцијата ви ја пренесуваме во целост.

 

 

Прилеп е бастион на македонштината. Тоа сме го докажале многу пати досега. Историјата го запишала Прилеп како град херој, град на непокорот!

 

Колку и да сaка сегашната влада на СДС тоа да го измени со потпишување на капитулантски договори нема да и успее. Токму поради цврстината на љубовта на прилепчани кон сопствената земја, Заев своите предавства ги најави токму од Прилеп. Во Прилеп Зоран Заев најави дека ќе ги прави двојазични Прилеп и Република Македонија. Токму тоа и го исполни. Во Прилеп на митингот на локалните избори Заев се колнеше дека нема да го промени името на државата, меѓутоа и тоа го направи. Свесно ги лажеше своите поддржувачи дека тој нема да дозволи промена на уставното име на Република Македонија, а токму тоа го договори, а прилепските пратеници од СДС, Хари Локвенец и Кети Смилеска гласаа токму за промена на името на државата и тоа за севкупна употреба.

 

Зоран Заев и СДС се свесни дека ваквата измама скапо ќе ја платат во Прилеп, па затоа деновиве сме сведоци како Горан Сугарески, министер во владата на Заев и пратеникот Хари Локвенец од петни жили се обидуваат да ги убедат прилепчани, па и сите граѓани на Република Македонија дека со промена на името Македонија добива, а не дека губи се свое.

 

Сведоци сме дека Заев не смее да го употреби името Македонија во телевизиско интервју, а Локвенец и Сугарески се обидуваат да ги убедат прилепчани дека ќе останат Македонци, иако изгласаа и договорија да ни ја сменат националноста во северно македонци.

 

Тоа го гледа, тоа го чита секој човек од капитулантскиот договор кој го потпишаа.

 

Господа од СДС, Ви порачуваме, Прилеп и прилепчани стојат цврсто во одбрана на уставното име на Република Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ е столбот на непокорот. Нема да дозволиме со вакви манипулантски обиди преку учество на дебатни емисии и преку социјалните мрежи да ги понижувате прилепчани и нашата историја.

 

Бараме Хари Локвенец и Горан Сугарески јавно да им се извинат на своите сограѓани што се обидуваат да ги покријат лагите на Зоран Заев. Тие се негови соучесниции во обидот за предавство на државата и најмалку што можат да направат е да се извинат на сите за штетата што ја прават. Лагите и манипулациите веќе не поминуваат. Денес е ново време, денес се работи за опстанокот на Република Македонија.

 

Македонија ќе победи!

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien