Димовски: Амнестијата за 27 април не е услов за избор на ДИК, потребно е политичко усогласување

Потребно е усогласување на политичките партии во Собранието за неопходните постапки за успешен избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК), апелираше денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за избори и именување Илија Димовски.

 

„Треба целосна согласност на парламентарните групи. Прв чекор е утврдување на прочистена листа, тоа треба на комисијата за избори и именувања, каде СДСМ има 6 члена, ВМРО-ДПМНЕ 6 и еден Беса на Касами. Второ, листата се праќа до Џафери кој треба да ги извести партиите кои за три дена треба да одговорат со свои предлози. И после комисијата оформува конечна одлука согласност со изборниот законик. Предлогот се доставува до собранието, па се гласа со двотретинско мнозинство. Ако нема усогласеност, процедурата ќе има неуспех. Цела постапка ќе треба од почеток“, рече Димовски.

 

Причина за закочувањето на постапката според Димовски е одложувањето на законите кои беа договорени во пакетот за гласање двотретински закони.

 

„Сме разговарале со Мицкоски, предлогот за закон за амнестија не е поврзан со изборот на ДИК“, додаде тој.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien