Непозната течност истурена во резервоарот за вода во село Стровија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Непознато лице во периодот од 7 до 9 јули истурил непозната течност во резервоарот за вода на јавната чешма во село Стровија, општина Долнени, соопштија од СВР Битола.

 

Лицето делумно ја отстранило бетонската покривка од резервоарот, ја истурило течноста и си заминало.

 

Овластени лица од Центарот за јавно здравје од Прилеп зеле примероци од водата за утврдување на видот и степенот на евентуална загаденост на водата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи