„Имав понуди од многу клубови, Франција, Германија, од Шпанија, но не сакав во Европа. Јапонската лига ќе биде едно ново искуство за мене. Првите луѓе од Саган Тосу ме уверуваа за силниот проект кој го имаат и покажаа верба во мене дека можам да помогнам клубот да се врати на местото на кое заслужува. Се надевам дека ќе ги исполнам нивните очекувања. Ова сигурно ќе биде голем предизвик за мене“, истакна Ел Нињо.
Покрај за Атлетико Мадрид, Торес настапуваше и за Ливерпул, Челси и Милан. Сеган Тосу ќе биде неговиот петти клуб во кариерата.