Непознато лице во периодот од 7 до 9 јули истурил непозната течност во резервоарот за вода на јавната чешма во село Стровија, општина Долнени, соопштија од СВР Битола.
Лицето делумно ја отстранило бетонската покривка од резервоарот, ја истурило течноста и си заминало.
Овластени лица од Центарот за јавно здравје од Прилеп зеле примероци од водата за утврдување на видот и степенот на евентуална загаденост на водата.