На самитот на НАТО во Брисел, Македонија се очекува да добие согласност да започне пристапни разговори со НАТО, но за поканата за членство ќе мора да ја исполни обврската за исполнување на договорот со Грција. Тоа го најави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
“Очекувам дека после историскиот договор од изминатите месеци за прашањето на името ќе се согласиме да го поканиме Скопје да започнеме пристапни разговори. Откако договорот ќе биде финализиран и спроведен ние ќе ја поканиме поранешната југословенска Република Македонија да стане 30-та членка на НАТО под нејзиното ново име – Република Северна Македонија. Силен сигнал дека вратата на НАТО е и останува отворена“, изјави Столтенберг.