Грција протера двајца руски дипломати, Москва враќа со иста мера

Грција протера двајца руски дипломати, а на двајца други им забранија влез во државата поради наводно поткопување на државната безбедност. Дипломатите, пренесуваат медиумите, се обиделе на некој начин да влијаат на чуствителни прашања во Грција, особено во преговорите за спорот со името на Македонија.

 

Портпаролот на грчката влада не даде многу детали по извештаите, но кажа дека Атина ќе преземе соодветни „мерки“ против оние кои го прекршиле меѓународното право.

 

Руските власти рекоа дека како одговор, од Москва ќе бидат протерани двајца грчки дипломати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien