Ракитиќ на чекор до светски рекорд

Фудбалерот за врска на Барселона и Хрватска, Иван Ракитиќ ќе има можност да стане играчот со најмногу одиграни натревари за минатата сезона, вкупно 71,  со што ќе биде и светски рекордер за одиграни средби во една натпреварувачка сезона.

 

Од нив, 55 ги одигра во каталонскиот дрес и 15 за репрезентацијата предводена од Златко Далиќ. Со вчерашниот настап против Англија во полуфиналето, 30-годишниот Хрват се израмни со Вилијан од Бразил, кој позади себе остави сезона со 70 меча.

 

Голема заслуга за тоа има и лекарскиот тим на хрватската репрезентација, бидејќи на само 24 часа до наптреварот со Англија, Ракитиќ имал температура од 39 степени.

 

„Бев болен, температурата ме остави без енергија, само лежев и се молев да имам сила да играм против Англија. Немаше шанса да го пропуштам тој важен натпревар, лекарите го одработеа својот дел од задачата и се појавив на теренот“, изјави Ракитиќ.

 

Екипата на Далиќ веќе го постигна својот најголем успех во историјата, а в недела со почеток од 17.00 часот, ќе има можност да и се одмазди на Франција за поразот од 1998 година, а воедно да атакува и за светската титула.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien