Столтенберг и официјално му ја врачи поканата на Заев

Генералниот секретар на НАТО официјално ја потпиша и му ја врачи поканата на Зоран Заев за почеток на преговори со Алијансата, по одлуката на северноатлантските сојузници вчера во Брисел.

 

На заедничката прес-конференција во Брисел, Столтенберг изјави дека со таквата одлука НАТО покажало дека вратата за членство останува отворена.

 

„Ова е клучен пробив кој го отвори патот за полноправно членство, деталните пристапни преговори сега ќе започнат. Откако сите ваши национални процедури ќе завршат и откако ќе биде ратификувано од земјите членки ќе станете 30-та членка на НАТО со еднакво место на маса, еднаков глас во дискусиите и еднакво право на гласање во најуспешниот воен сојуз“, рече генералниот секретар по потпишувањето.

 

Премиерот Заев ја изрази својата благодарност до генералниот секретар.

 

„Ова е историска одлука за земјата и за граѓаните,  признание за нашата посветена работа две децении, и за сите македонски политичари од независноста до денеска“, рече Заев.

Заев се заблагодари и до премиерите на соседните Грција и Бугарија за постигнувањето на договорите за добрососедство и додаде дека нашето членство ќе ја консолидира демократијата во регионот и ќе служи како позитивен пример во Западниот Балкан.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien