Хоакин Феникс ќе го глуми познатиот негативец Џокер

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

По долги месеци полни со шпекулации, конечно беше потврдено дека DC и Warner Bros подготвуваат нов филм за најпознатиот стрип-негативец и најголем непријател на Бетмен, Џокер. Во главната улога ќе се појави Хоакин Феникс.

Приказната ќе раскажува за почетоците – како Џокерот станал психопат, криминалец и убиец, и веројатно ќе биде заснована на стрипот на Алан Мур и Брајан Боланд – „Убиствената шега“.

 

„Филмот ќе го истражува човекот кој е занемарен од општеството, но тоа нема да биде само карактерна студија, туку и поширока предупредувачка приказна“, најавија од компанијата.

 

Засега не е познат датумот за премиера ниту пак буџетот кој ќе го има овој филм, но гласините велат дека тој би требало да биде направен за околу 55 милиони долари. Сумата е многу пониска од онаа која ја користат останатите филмови со суперхерои, но мора да се разјасни дека новиот филм за Џокер нема да биде филм за суперхерои туку крими-драма со многу реалистични елементи.

 

Продуцент на филмот е познатиот режисер Мартин Скорсезе, кој е силно вмешан во секоја активност на овој проект.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи