ВИДЕО – Ристески : Погубните политики на СДС во саботата добија црвен картон од народот

Погубните политики на СДС со кои Македонија ја клекнаа на колена, во саботата добија црвен картон од народот. Затоа што народот знае, народот е свесен и народот сведочи за секојдневните предавства и понижувања кои владата предводена од СДС му ги прави. Истакна на денешната прес конференција претседателот на О.К. ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Сите кои сте на чело на СДС и на локално и на централно ниво: Народот ве гласаше за да сработите нови проекти во интерес на граѓаните,  да ги зголемите платите на здравствените,  на просветните работници… да овозможите подобри услови за работа на приватниот сектор со цел зхолемување на платите и во овој сектор. Да градите нови градинки,  училишта, подобра инфраструктура.

 

Вас, Јованоски Илија и Хари Локвенец, граѓаните ви дадоа доверба да го овозможите сето ова. Во Вашите изборни програми имаше проекти со кои ги излагавте прилепчани. Во нив не го ветивте вашиот единствен проект до сега: промена на вековното име на нашата татковина, Македонија. Вашето неработење и вашата неспособност ја криете зад лажната европска иднина, а всушност сте директни учесници во срамното уништување на се што е историја и што со векови му припаѓа на нашиот народ.

 

Наместо да се засрамите, вие уште и учествувавте во некаква си прослава за наводен „историскиот успех” која доживеа целосно фијаско, и тоа не само во Прилеп, туку ширум сите градови низ Македонија. Секој изминат ден излегуваат на површина лагите,  манипулациите и цела неспособност на СДС.

 

Имено градоначалникот Јованоски во своето обраќање потенцира дека „Македонија добила покана за НАТО, и дека имала датум за преговори со ЕУ”. Она што градоначалникот и пратеникот Локвенец заборавија да им кажат на прилепчани е тоа дека оваа покана за во НАТО не е ништо повеќе од поканата која Македонија ја доби во 2008 година,  ама со една многу битна разлика. За разлика од 2008 кога за влез во НАТО се бараше само промена на името, сега во 2018 се бара целосна имплементација на срамниот договор кој Заев го потпиша со Грција. Или, целосно бришење на националните интереси,  култура и македонско културно наследство.

 

Требаше да им кажат на прилепчани дека датумот за почеток на преговори за членство во ЕУ е условен датум, што не е исто со почеток на преговори како процес и дека токму почетокот на преговорите зависи од исполнување на многу услови на штета на македонскиот народ. Она што може да се констатира со сигурност е дека Зоран Заев и владата од СДС, ја урнисаа Македонија, ја уназадија за 100 години, го уништија владеењето на правото и правната држава, корупцијата доживува свое рекордно високо ниво.

 

Во саботата, граѓаните испратија јасна порака дека оваа „ЌЕ влада“ мора што поскоро да си замине. Затоа што Македонија заслужува подобро! Затоа што Македонија мора да оди напред!“

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien