СДСМ : На ВМРО-ДПМНЕ не им се битни стратешките и национални интереси туку одбрана на 12 годишниот криминал

На ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски не им се битни стратешките и национални интереси на граѓаните, ниту иднината на Македонија, нивната единствена цел е одбрана на 12 годишниот криминал и судбината на Никола Груевски и фамилијата. Велат во реакцијата од О.О. на СДСМ Прилеп, која доаѓа по прес конференцијата на О.К. ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски ја условуваат иднината на граѓаните со барања за амнестија. Затоа сеат поделби и омраза и ги хушкаат граѓаните едни против други.

 

Очигледно Петар Ристески – локалниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ, е само слеп послушник на ваквите политики за враќање во црното минато на криминал, корупција, меѓународна изолација, осиромашување и уништување на државата, иселување на младите.

 

Како резултат на ваквата деструктивност, минатата сабота Мицковски беше пречекан во Прилеп од само неколку партиски приврзаници, а граѓаните одбиваа да се поздрават со него.

 

Граѓаните порачуваат дека ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски и Ристески, можат да заборават на каква било амнестија. Целосното расчистување на криминалот и насилството од 27 април е врвен државен интерес и за тоа нема никакво пазарање ниту договарање.

 

Македонија оди напред и нема запирање. Граѓаните се обединуваат и велат ДА за загарантиран македонски идентитет, велат ДА за влез во ЕУ и НАТО, велат ДА за македонската иднина.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien