Утрово пронајден мртов маж во центарот на Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Утрово околу 6.15 минути во Прилеп, во близина на Участакот, во центарот на градот е пронајдено мртвото тело на Севџет Исмаилоски од Прилеп. Според Јавното обвинителство станува збор за лице на возраст од околу 30-тина години, кое било пронајдено како лежи покрај една клупа во блискиот парк.

 

На лице место веднаш е излезена екипата на Итна Помош Прилеп која само ја констатирала смртта на починатиот.

 

Според јавното обвинителство од Прилеп врз телото немало траги на насилство, а за да се утврдат точните причини за смртта наредено е да се изврши обдукција врз телото на починатиот.

 

Ова се првични информации, повеќе детали се очекуваат во текот на денов.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи