Аргентина беше едно од разочарувањата на мундијалот во Русија, едвај ја помина групата и испадна веќе во осминафиналето. Поискусните играчи на „Гаучосите“ бараа негово разрешување уште пред клучниот меч со Нигерија и сакаа тие да го состават тимот.
По долги преговори, двете страни изминатиов викенд се договорија за обештетување од 2 милиони долари, по што следуваше и официјално соопштение.
„Денеска, Фудбалската федерација на Аргентина и селекторот Хорхе Сампаоли на взаемна согласност го раскинаа договорот“, гласеше известувањето.
Заедно со Хорхе Сампаоли си заминаа и фитнес тренерот Хорхе Десио како и видео аналитичарот Матијас Мана.