Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Португалецот Жозе Мурињо, смета дека Хрватска е оштетена во финалето на Светското првенство во Русија, поради досудениот пенал за Франција во првото полувреме.
Судијата Питана, во наведената ситуација побара да се прегледа видео снимка, откако француските фудбалери бунтуваа, тврдејќи дека Перишиќ пред голот на Хртватска, после корнер и ударот на Матуиди со глава, ја удрил топката со рака.
„Четири милиони Хрвати и нивните 23 играчи (поточно 22) ќе бидат многу, многу разочарани, бидејќи на полувремето подобриот тим на теренот губеше со 2:1. Тоа беше пред се поради грешка на судијата и неговата ВАР технологија. Не велам дали беше или не пенал. Околу ова секој има свое мислење. Работата на ВАР концептот е да ги исправи важните судиски грешки, а во овој случај тоа не се спроведе што е многу, многу разочарувачки“, истакна Мурињо.
Мурињо вели дека најмногу жали, поради тоа што на полувреме резултатот не беше нерешен, бидејќи така натпреварот ќе влезеше во многу понеизвесна завршница.