Преку 100.000 Французи во Париз излегоа на „Елисејските полиња“ за да го гледаат мечот, а потоа и да се радуваат на големиот успех, но радоста вечерва се претвори во хаос и тотално излезе од контрола.
Трговски центар на булеварот Елисејските полиња беше демолиран од десетици лица маскирани со качулки, кои краделе вино и други производи. Француските власти соопштуваат дека над 4.000 полицајци интервенирале за да се смири ситуацијата, а над 500 демонстранти биле уапсени.
Во западните и централните делови на Париз до утрово до 4 чесот во сила беше забрана за движење со автомобили.
Француската полиција соопшти и дека низ цела Франција во текот на ноќта меѓу петокот и саботата биле опожарени близу 900 автомобили. Во саботата Франција го одбележуваше националниот празник – Денот на падот на Бастиља