Бранови слични на тие што ги предизвикува цунами ги поплавија плажите на шпанските летувалишта Мајорка и Менорка.
„Застрашувачки бран удри во познатото летувалиште Пуерто де Алкудиа во Мајорка, поплавувајќи ресторани и патеките покрај плажите“, пишува Индепендент.
Странските медиуми пишуваат дека овој феномен се нарекува „метеоцунами“ и е предизвикан од брзите промени на воздушниот притисок што резултира со ненадејно поместување на огромно количество вода и формирање големи бранови.
За разлика од обичните извори на цунами од импулсен тип, односно земјотрес, ефектите на метеоцунамито во морињата и океаните се во ограничен период, од неколку минути до неколку часа.
Цунамито и метеоцунамито се слични и не е лесно да се разликуваат.