Почнува скрининг процесот за почеток на преговорите со ЕУ, главен преговарач ќе биде Османи

Започнува скрининг процесот за подготовка за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Главен преговарач ќе биде вицепремиерот за евроинтергации Бујар Османи, а технички преговарач советникот на премиерот, Бојан Маричиќ.

 

„Со еврокомесарот Хан ги дефинираме следните чекори на скрининг и подготовка за преговори. Утврдивме заедничка динамика на преговорите со поставување на структурата за преговори од наша и од нивна страна. Денеска Хан го претстави начелниот план за скринингот, а ние донесовме заклучоци, изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конфренција со еврокомесарот Хан.

 

Владата го задолжи СЕП заедно со МНР со крајот на јули да подготват предлог концепт за преговорите со ЕУ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien