ВИДЕО – Поради врнежите тутунот е со слаб квалитет, доколку продолжи ваквото време ќе има катастрофална реколта

Од Сојузот на тутунарски здруженија на Македонија велат дека нема да се остварат очекуваните 28 милиони килограми, ќе биле среќни доколку во државава се произведат околу 23 милиони килограми. Поради постојаните врнежи и неповолните временски услови тутунот во моментов е со многу лош квалитет, тутунарите велат доколку продолжи ваквата ситуација преку целото лето, може да се очекува катастрофална сезона.

 

 

„Долните берби се со лош квалитет поради тоа што немаме доволно сонце, се надеваме дека временските услови ќе бидат погодни во август каде што се очекуваат горните берби каде иима подобар квалитет. Доколку продолжат ваквите временски услови ќе имаме полош квалитет со тоа што се надеваме дека откупните претпријатија заедно со министерството за земјоделство ќе превземат некои мерки и нема да ги остават тутунарите, тутунот да помине пошто-зошто“, изјави Кире Неделкоски, претседател на Сојуз на тутунари на Македонија.

 

Тутунарите се исплашени, велат дека единствено сончево време во периодот кој доаѓа можело да ја спаси годинешната реколта.

 

„Во текот на развојот прилично многу ни дојде количина на дожд и се јави слаб квалитет на тутунот и прилична големина на листот, поголема од нормалната. Ставени сме во многу незавидна положба, јас имам 10 декари насадено тутуни, вложивме многу, но дали ќе се исплати незнаеме“, вели Ристе Јошески, тутунар од Прилеп.

 

„Незнам како ќе биде оваа година со квалитетот на тутунот, многу врнеше, многу брзо израсна, а за тутунот треба сонце, да се суши, незнам што ќе биде, се ќе зависи од временските услови како ќе бидат во август“, рече Тоде Димоски, тутунар од Прилеп.

 

„Не чини тутунот бидејќи има многу врнежи, сега нема квалитет, за после ќе видиме, сега се расипува. Има тежина но џабе, нема квалиитет никаков“, кажа Лазе Цветаноски, тутунар од Прилеп.

 

 

Тутунарите остануваат на ставот за зголемување на цените на тутунот и биле во преговори со откупувачите, но и тоа било неизвесно.

 

 

„Баравме прва класа да се зголеми за 10%, втора класа за 20% и трета класа за 30%. Се надеваме дека ова наше барање ќе се оствари бидејќи големи се разликиите помеѓу класите“, додаде Кире Неделкоски, претседател на Сојуз на тутунари на Македонија.

 

Производителите на тутун се надеваат и тоа дека во новиот закон за тутун кој треба да биде готов некаде во септември ќе биде вклучено и нивното барање производителот пред време да знае колкава ќе биде цената по килограм тутун за да знае со кој откупувач да склучи договор.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien