Владата жали за инцидентот со фоторепортерите, ветува подобрување на соработката со медиумите

Владата соопшти дека „ги прифатила и анализирала реакциите по инцидентот со фоторепортерите вчера при лидерската средба во Клубот на пратениците“ и жали што поради спроведувањето на „безбедносните насоки“ фоторепортери биле оневозможени да работат.

 

„Водена од врвниот принцип да го почитува и да го овозможува правото на медиумите за непречено, одговорно и професионално известување од настаните од посебен интерес за јавноста и граѓаните, претставниците на Владата на вчерашниот настан обезбедија услови за работа на новинарите и новинарските екипи, соодветно на стандардите за вакви настани и насоките кои ги има добиено од безбедносните институции. Поведени од начелото дека треба да бидат обезбедени еднакви услови за сите претставници на медиумите без исклучок, како и заради безбедносни проценки направени од професионалните безбедносни служби, жалиме што не постоеше можност да се направат исклучоци од однапред утврдените и обезбедени услови за работа на сите медиумски екипи“, се вели во владиното соопштение.

 

Владата, како што се додава во соопштението, и натаму останува посветена да применува единствен и еднаков пристап кон сите медиуми кога станува збор за јавни настани од интерес на граѓаните. Исто така, ги охрабрува претставниците на медиумите редовно да учествуваат на поканите на средби на кои ќе се разговара за сите прашања поврзани со условите за најсоодветно известување за работата на Владата и за настаните кои се од интерес на јавноста и граѓаните.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien