Русија- единствена земја којашто излегува на 12 мориња

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Познато е дека Русија е територијално најголемата земја на светот, и од секоја страна може да се најде по некоја занимливост, за која многумина не чуле. Еве неколку интересни факти  за оваа држава што се простира на два континента…

 

– Русија е единствена земја на светот којашто ја заплискуваат 12 мориња.

– Планинската верига Урал, што ја дели Русија на европски и азиски дел, е најстарата планинска верига на светот. Русија се смета за европска држава, иако две третини од нејзината територија се во Азија.

– Санкт Петербург е најсеверниот град на планетава во којшто има над милион жители.

– Површината на Сибир изнесува 9,7 милиони квадратни километри, што е девет отсто од вкупната територија на земјата.

– Времето на чекање меѓу два воза во московското метро е најкусо во споредба со каде било на светот. Во најпрометниот дел од денот возовите поминуваат на најмногу 90 секунди.

– До неодамна Москва важеше за град во кој живеат најголем број милионери на светот.

– Градот Суздал се простира на 15 квадратни километри, а има само 10.000 жители и 53 цркви.

– Секој владетел од династијата Романови на својот наследник му оставал поголема држава отколку што наследил.

– Градскиот парк на Москва е поголем од сите други паркови во светот. За споредба, тој е шестпати поголем од Централ паркот во Њујорк.

– Русија има најмалку 15 тајни градови коишто ги нема на мапите и до кои нема патокази.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи