Собранието едногласно ја изгласа Декларацијата за членство во НАТО

Собранието на Република Македонија со 76 гласа „за“, без воздржани и без против, ја изгласа Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО.

 

Пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец истакна дека влезот во НАТО директно носи безбедност и стабилност, но оти најголемите индиректни влијанија од членството се економските бенефиции.

 

„Искуствата на земјите од ЈИЕ поврзани со членството во НАТО покажуваат дека кога некоја држава ќе се приклучи на Сојузот не може, а да не се споменат дополнителните ефекти што се одразува во државата, а се од економска природа поврзани со раздвижување на бизнисот и со зголемување на вложувањата од страна на странски инвеститори“, рече Локвенец.

 

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека неговата партија ја поддржува Декларацијата и ќе придонесе за патот на Македонија кој Алијансата.

 

„Навистина е придобивка да се биде член на овој сојуз, но истовремено е сериозна одговорност. Членството во НАТО не значи дека веднаш од исток и од југ, од запад и од север ќе се отворат славините и во Република Македонија ќе тече мед и млеко“, рече Данев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien