Критики во САД по изјавата на Трамп дека Црна Гора би можела да предизвика Трета светска војна

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вчера дека Црна Гора „е мала држава со многу агресивни луѓе“ кои би можеле да предизвикаат Трета светска војна.

Американскиот претседател разговараше со новинарот на Фокс њуз Такер Карлсон за НАТО.

 

Карлсон го праша Трамп, доколку некој ја нападне Црна Гора, која што е членка на НАТО, зошто неговиот син би одел да ја брани Црна Гора, бидејќи според обврските членките имаат обврска да се бранат меѓусебно.

 

Трамп на тоа одговори:

 

„Разбирам што кажувате, и јас го поставив истото прашање. Црна Гора е мала држава со многу силни луѓе. Тие се многу агресивни луѓе, би можеле да станат агресивни, и потоа, честитки, во Трета светска војна сме. Меѓутоа, тоа е начинот на кој функционира НАТО“.

 

Зборовите на Трамп предизвикаа негодување дури и во неговиот републикански табор по конференцијата за печат одржана во понеделникот во Хелсинки со Владимир Путин, за време на која беше обвинет дека целосно му попуштил на рускиот колега.

 

„Напаѓајќи ја Црна Гора и доведувајќи ги во прашање нашите обврски во НАТО, претседателот ја игра токму играта на Путин. Народот на Црна Гора храбро му одолеа на притисокот на Путинова Русија за да пристапи на демократијата и Сенатот гласаше со 97 наспроти 2 во знак на поддршка за нејзиното влегување во НАТО“, истакна на Твитер републиканскиот сенатор Џон Мекејн.

 

Екс американскиот амбасадор во НАТО Никола Бернс оцени дека Трамп со таквата изјава покренал сомневање дека САД под неговиот мандат, би можеле да одбијат да им помогнат на сојузниците.

 

„Тоа е подарок за Путин“, рече Берс.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи