Едукативна велосипедска тура до локалитетот Стибера

Јавен Простор Прилеп и ПрилепНаТочак продолжуваат со својата соработка и повторно одржаа многу интересен настан за своите сограѓани. Организираа велосипедска тура до археолошкиот локалитет Стибера, која беше придружена со запознавање на пристутните со важноста и историјата на локалитетот.

 

Исцрпните информации, кои беа пренесени на едноставен и јасен начин, ги поттикна заинтересираните граѓани да му зададат серија прашања на археологот Дејан Кебакоски од Институтот за старословенска култура Прилеп.

 

Звонко Димоски, од Јавен Простор Прилеп вака го опиша денешниот настан:

 

„40 и некој километар, многу точакџии, сонце и многу зеленило, многу испиена вода и изедени овошки, неколку села и многу заинтересирани жители, кучешки лаеж за поздрав и еден куп интересни информации за археолошкиот локалитет Стибера. Многу сум задоволен и среќен од остварената соработка со ПрилепНаТочак, односно Даме, Киро и Тоци, и најавувам дека истата нема да престане и дека наскоро ќе ги известиме граѓаните за следните заеднички иницијативи. Голема благодарност за Дејан Кебакоски од Институтот за старословенска култура за неговото исцрпно објаснување и приближување на значењето на Стибера. Денешното бројно присуство на нашите сограѓани//ки, повторно покажа дека градот има огромна потреба од вакви и слични настани. Јавен Простор Прилеп, се додека има можност, ќе продолжи истото да го прави”.

 

 

Вечерва е веќе следното случување во рамките на иницијативата Јавен Простор, односно првиот од неколкуте планирани градски концерти. Со почеток во 21 часот, кај Саат–кулата ќе се одржи Ноќ на македонски евергрини, за кои задолжени ќе бидат Добрила Грашеска и Илија Чакароски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien