Фудбалскиот клуб Парма нема да биде исклучен од италијанската фудбалска елита, но тимот ќе ја започне новата сезона во Серија „А“ со – 5 поени. Тоа го реши италијанската фудбалска федерација.
Причината за тоа стана сомнеж за местење на последниот дуел во минатата сезона против Специја.
Парма, која задолжително имаше потреба од успех, за да обезбеди директна промоција, победи со 2:0 како гостин.
Обвинителството исто го разгледуваше мечот и откри сомнителни СМС пораки во телефонот на 36-годишниот напаѓач на тимот Емануеле Калајо, кои покажуваат за местење на резултатот од средбата.
Самият Калајо доби забрана за настап за 2 години поради случајот.