Претседателот на САД Доналд Трамп денеска упати сериозна закана до иранскиот претседател Хасан Рухани преку социјалната мрежа Твитер, порачувајќи му дека доколку продолжат да им се закануваат на САД, ќе сносат невидени последици.
„До претседателот на Иран, Рохани: Никогаш, никогаш немој да им се закануваш на САД, во спротивно ќе се страдаш од последици, со кои малкумина во историјата ги доживеале претходно. Ние повеќе не сме држава која ќе ги прифаќа вашите зборови на насилство и смрт. Внимавајте!“, напиша Трамп на Твитер.
Реакцијата на Трамп дојде откако претходно Рухани го предупреди Трамп да не игра со опашката на лавот, оти тоа единствено ќе доведе до покајување.
„Америка мора да сфати добро дека мир со Иран е мајка на мирот, додека војна со Иран е мајка на сите војни“, рече Рухани.
Иран е под се поголем притисок од страна на Америка, па сега им се закануваат санкции, откако Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор, склучен помеѓу Техеран и светските сили во 2015 година, со кој Иран прифати да го прекине развојот на нуклеарни оружја, во замена за укинување на санкциите.