Почина Ристо Поповски, доајен на македонското новинарство

Доајенот на македонското новинарство Ристо Поповски почина синоќа по кратко боледување на 73 годишна возраст. Тој е основач на првата приватна новинска агенција на Балканот, Макфакс и добитник е на Наградата за животно дело на Здружението на новинари на Македонија.

 

Во неговата богата новинарска кариера беше уредник во новинарската агенција Тајнуг, работел за Радио Скопје, беше дописник во Москва во време на историските промени на почетокот на 90-тите години. Во 1992 година ја основа независната новинска агенција Макфакс.

 

Своите новинарски ставови како коментари ги објавуваше и во неделникот Глобус и дневниот весник Слободен печат, а беше и коментатор од Македонија за Ал Џазира Балканс.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien