По реакциите дека Општина Прилеп ја заборави годишнината од смртта на Ченто, општинска делегација положи цвеќе пред неговиот споменикот

Откако опозиционата ВМРО-ДПМНЕ и дел од здруженијата на граѓани ја обвинија Општина Прилеп дека денеска заборави да ја одбележи 61 годишнината од смртта на Методија Андонов Ченто, доцна попладнево делегација на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, положи свежо цвеќе пред споменикот на Ченто, кој се наоѓа веднаш пред згрдата на локалната самоуправа на Општината.

 

Почит оддадоа и претставници на Сојузот на борци, претставници на О.О. на СДСМ Прилеп и од Здружението на резервни воени обврзници, учесници во настаните од 2001/2002година.

 

За овој настан не беа известени медиумите.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien