ВМРО-ДПМНЕ : Маката на земјоделците од прилепско кои претрпеа штета, нема значење за СДС

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Маката на земјоделците кои претрпеа штета, нема значење за СДС. Точката за обештетување на земјоделците, тргната од дневен ред на Советот на Општина Прилеп. Велат во денешното соопштение од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„Пред само неколку дена советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, побара да се одржи итна седница на која би се одлучило за целосно обештетување на земјоделците, чии површини беа зафатени од силното невреме.

 

Покрај ваквото наше барање, локалната власт предводена од СДС, најпрвин одлучи оваа тема да биде ставена како посебна точка на денешната седница на Совет на Општина Прилеп.

 

За жал не беше свикана ниту итна седница околу оваа тема, ниту пак оваа точка накрај беше ставена на дневениот ред за денес. Очигледно за СДС, несреќата на земјоделците нема апсолутно никакво значење.

 

Повторно го повикуваме министерот за земјоделие, да присуствува на седница која би се одржала со цел да се изнајдат начини и средства земјоделците да се обештетат 100%. Не смее никој да си игра со маката на земјоделецот.

 

 

Формирањето на комисии за проценка на штета, не смее да ги стави земјоделците во правен лавиринт кој накрај би завршил со некои 10 до 20% обештетување. Земјоделците мора да бидат 100% обештетени и тоа мора да се случи што поскоро, без одлагање“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи